Новости од клиниката
Благодарност до Турската агенција за соработка и координација – ТИКА
Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија упатува искрена благодарност до Турската агенција за соработка и координација – ТИКА за донацијата на медицинска опрема: апликатори за брахитерапија, опрема за имобилизација за радиотерапија и инфузиони пумпи за апликација на хемотерапија.
Оваа донација значително придонесува за унапредување на квалитетот и безбедноста на лекувањето на онколошките пациенти.
