Одделение за клиничка биохемија

ОДДЕЛОТ ЗА КЛИНИЧКА БИОХЕМИЈА има простор, опрема и медицински кадар за извршување на високо специјализирана здравствена заштита (специјалистичко-супспецијалистичка, консултативна, болничка и наставно–научна дејност).

      Од аспект на инфраструктурните капацитети лабораторијата е организирана во 3 простории каде е сместена потребната апаратура и потребни работни површини за подготовка на пристигнатиот биолошки материјал за анализа.

Во лабораторијата се врши дијагностика, контрола и следење на сите малигни заболувања и состојби.

      Дијагностичката и терапевтска дејност на одделот се спроведува преку следните стандардни оперативни постапки/процедури, поврзани со спроведување на протоколи од терциерно ниво на здравствена заштита и тоа:

- Итни и регуларни лабараториски анализи.

За истите се изготвуват и соодветни анализи за испитуваните параметри на Клиниката.Сите анализи се изведуваат по принципите на современи методи и во согласност со современите достигнувања во дијагностика и лабораториска технологија, со современа опрема, апаратура и реагенси кои редовно подлежат на внатрешни и надворешни контроли.

Во просек дневно се изведуваат анализи за околу 150 пациенти кои се лекуваат на клиниката ,како и специфични анализи за пациенти кои се лекуваат на други клиники во склоп на клиничкиот центар.

Клиниката во согласност со стратешките проекции, иновации и научни достигнувања во областа на хематолошката дијагностика ја унапредува и осовременува техничката и инфраструктурна опременост на одделот и се грижи за стручната едукација и развој на компетенциите на лабораторискиот персонал.

Се користат современи тераписки протоколи и методи според препораките од Законот за здравствена заштита, во склад со протоколите од Медицина базирана на докази објавени во Службен весник 2014 година и надополнети во 2015година.


image